Денеска околу 10:00 часот избувнал пожар во Трафостаница на ЕВН на улицата „Ристо Ќурчиев“ во Струмица. Интервенирала Противпожарната единица на Струмица со тројца пожарникари и едно противпожарно возило.
„После исклучувањето од системот на напојување од страна на екипа на ЕВН, пожарот беше локализиран и ликвидиран“ – информираат од ТППЕ Струмица.
 
 
                                 
 
 
		    



 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	

















 
								