Вчера имало пожар на отворен простор на запалена ниска вегетација покрај регионален пат Струмица – Радовиш во близина на село Василево, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Пожарот беше гаснет речиси во текот на целиот ден, од 09:44 до околу 23:00 часот, со 7 пожарникари, 1 ПП возило и 1 теренско возило. Пред неговото целосно гаснење, околу 22:00 беше сопрен сообраќајот во двата правца на дел од регионалниот пат и имаше пренасочување на сообраќајот на таа делница по стариот паралелен пат“ – стои во соопштението на ЦУК.
Во текот на вчерашниот ден регистриран е пожар и кај селото Дабиле, каде горела депонија, ниска вегетација и стрниште.