Синоќа во 23:30 часот на патниот правец Струмица – Дабиле Противпожарната единица на Струмица интервенираше на гасење на запален автомобил кој во моментот на пристигнувањето на пожарникарите бил во разгорена фаза, информираат од ТППЕ Струмица. За кратко време пожарот бил локализиран и ликвидиран. Причинета е значителна материјална штета. Во гасењето на опожарениот автомобил интервенирале 5 пожарникари – спасители со едно противпожарно возило.
ВИДЕО: ТППЕ Струмица