Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека доцна синоќа околу 01:00 часот по полноќ на „двата пата“ над Струмица интервенирале во гасење на запален автомобил. Четворица пожарникари со едно противпожарно возило биле вклучени во гасењето на запаленото возило кое било во разгорена фаза, а од опожареното возило била зафатена и блиската вегетација на ридот, при што било спречено неговото натамошно ширење.
ФОТО: ТППЕ Струмица