Утрово во 05:05 часот струмичките пожарникари интервенирале во дворот на ЈЗУ „Општа болница“ Струмица каде биле запалени две хаварисани возила. Како што информираат од ТППЕ Струмица, пожарот бил локализиран и ликвидиран за кратко време после пристигнувањето на пожарикарите и е спречено негово проширување на околните објекти.
ФОТО: ТППЕ Струмица