По изборот за спортски директор на ФФМ за сите македонски фудбалски репрезентации, струмичанецот Горан Пандев си даде оставка од функцијата претседател на ФК „АП Брера Струмица“. Оставката е со цел да нема судир на интереси како и поради неспоивоста на двете функции.
Пандев е основач на клубот, а со превземањето од „Брера Холдинг“ тој беше поставен на функцијата претседател на ФК „АП Брера Струмица“.