Во овие моменти беснее огромен пожар над селото Фурка, Дојран. Веднаш после апелите за помош, ТППЕ Струмица испрати тим од пожарникари-спасители со специјално теренско ПП возило. Во последен момент е спасена караулата на АРМ. Пожарот помогнат од силниот ветер се шири кон сите страни. На терен се ПП екипи од Гевгелија, Струмица, Валандово, Дојран, информираат од ТППЕ Струмица.