Гори нискостеблеста шума, стрниште, но и стари гуми во атарот на селото Костурино во близина на Струмица. Петнаесеттина пожарникари со пет противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат големиот пожар кој избувнал некаде по 12 часот.
Веднаш по пријавата околу 12:45 часот струмичките пожарникари – спасители интервенирале во гасењето на пожарот кој бил во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење кон околната шума. Екипите се сé уште на терен и работат на негово целосно ликвидирање. Причинета е значителна материјална штета.
ФОТО: ТППЕ Струмица