Неколку објекти меѓу кои и куќи горат во големиот пожар во општинскиот центар Ново Село на улицата „Цар Самуил“. Пожарот избувнал околу 16 часот и голем број лица се вклучени во гаснењето – објави www.drnka.mk
Според првичните информации опожарени се неколку помошни објекти и две куќи. Засега нема информација за повредени лица.
Командирот на Противпожарната единица на Струмица, Александар Гудев изјавил дека кон Ново Село биле упатени 4 противпожарни возила со 15 пожарникари. Проблем е силниот ветар кој го разгорува пожарот.
Извор: Дрнка.мк