Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска попладне во 13:45 часот интервенирале на гасење на запалени стрништа, суви треви и дрвја во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица.
ТППЕ Струмица со четири противпожарни возила и 9 пожарникари – спасители се на терен. Гори површина од околу 20 хектари и должина од околу 3 километри, покрај реката Струмица.
Според информациите на ТППЕ Струмица пожарот е во разгорена фаза помогнат од силниот ветар кој го забрзува неговото ширење. Моментално е спречено движењето на пожарот кон селото Зубово и кон блиските објекти и голем дел од пожарот е под контрола.
Екипите на ТППЕ Струмица остануваат на терен до целосна ликвидација на пожарот.