Избувнал голем пожар на планината Огражден над селото Бадилен, општина Ново Село во граничниот појас и се шири кон границата со Бугарија. Гори густа борова шума и е на висок непристапен терен. Информацијата ни ја потврди командирот на Противпожарната единица на Струмица, Александар Гудев, но засега пожарникарите не можат да интервенираат. Во координација се со ЦУК и со колегите од Петрич ја следат состојбата. Договорено е утре во 8 часот да интервенираат хеликоптери на МВР…