Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03:00 часот во Диско клубот „Пулс“ во Кочани. Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови. Бројот на жртви засега никој него знае, се спомнуваат преку 50 мртви и стотици повредени. Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа противпожарни екипи од сите градови на околината, како и возила и медицински екипи. Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Македонија, се случила од светлосните ефекти во дискотеката за време на концерт на групата ДНК.