петок, 5 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Годинава 442 првачиња во општина Струмица тргнаа на училиште, општината очекува бројката да се зголеми

петок, 1 септември, 2023 | 15:51
in Вести, Струмица
Годинава 442 првачиња во општина Струмица тргнаа на училиште, општината очекува бројката да се зголеми

Денеска на првиот училишен ден од новата учебна 2023/2024 година во струмички основни училишта, 442 првачиња за прв пат седнаа во училишните клупи и го започнаа своето деветгодишно образование. Од Општина Струмица очекуваат ова бројка да се зголеми за уште 80 до 100 првачиња, бидејќи праксата од изминатите години покажува дека голем број првачиња, односно нивните родители од објективни причини не успеале да ги запишат во предвидените рокови.

Земајки ја годината на раѓање, 636 деца во прво одделение се планирани за ова учебна година, но голем дел од нив изминатите години се иселени со родителите во некоја од западно-европските земји. Одделението за образование ќе достави покани до родителите за упис на своето дете во прво одделение, тогаш ќе се знае дали семејството со планиран првооделенец е иселено надвор од територијата на општина Струмица.

Намалувањето на бројот на првачиња се забележува во градските училишта, а во некои населени места, како што се Попчево, Габрово, Раборци и Мемешли, нема ниту едно запишано прваче.

Општина Струмица и годинава доделува еднократна парична помош од 2.000 денари за семејства со прваче за прв пат запишано во учебната 2023/2024 година со постојано живеалиште на родителите на подрачјето на општина Струмица.

Во изминатите три години поради корона пандемијата го немаше традиционалното свечено одбележување за успешен почеток на првачињата пред Домот на АРМ, каде градоначалникот им посакува успешен старт во основното образование. Но и годинава ја немаше свеченоста, учителките си ги пречекаа првооделенците пред влезот на своите училишта, малку поголемите ученици им направија приредба и ги воведоа во училниците каде од понеделник ќе посетуваат настава.

ShareTweetShare
Previous Post

Хитовите „тешки“ над пет милијарди слушања пристигнуваат на големиот Get EXITed спектакл во Струмица!

Next Post

670 нови средношколци во Струмица ја започнаа учебната година, околу 100 помалку од лани, а речиси половина од планираните

Related Posts

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков
Вести

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков

четврток, 4 септември, 2025 | 14:41
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Вести

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

четврток, 4 септември, 2025 | 09:09
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица

среда, 3 септември, 2025 | 21:48
Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Вести

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

среда, 3 септември, 2025 | 16:32
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион
Босилово

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион

среда, 3 септември, 2025 | 15:52
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Вести

Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

среда, 3 септември, 2025 | 15:31

ТОП ВЕСТИ

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist