Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираа дека во недела, 25 јуни продолжуваат со акцијата за детално чистење на градот Струмица, односно метење, машинско чистење, подигање на смет и перење на улиците во долниот дел на градот Струмица, поточно подрачјето помеѓу булеварите „Ленинова“, „Гоце Делчев“ и „Климент Охридски“.
Се молат сите граѓани од овој реон кои имат секаков вид на отпад да го пријават на 13 110 и да го извадат пред дворовите во недела до 12:00 часот, како би бил подигнат во текот на денот.