Од СВР Струмица информираат дека вчера во Полициската станица во Струмица, 32-годишна жена од Струмица пријавила дека во текот на месец март годинава, малолетник од Струмица извршил обљуба над нејзината малолетна ќерка. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.