Времето утре (понеделник, 18 август): Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град – најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.