вторник, 28 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Во „Јуроп Хаус“ се одржа панел дискусија „Без ракавици за спортот во Струмица“

среда, 4 јуни, 2025 | 23:49
in Вести, Струмица
Во „Јуроп Хаус“ се одржа панел дискусија „Без ракавици за спортот во Струмица“

Доцна попладнето во „Јуроп Хаус“ во Струмица се одржа панел дискусија за предизвиците за спортот во Струмица поврзани со инфраструктура и финансии. Организатор на панелот беше Александар Илиев од Демократски институт за општествени и политички анализи Струмица. Панелисти беа Трајче Атанасов, претставник на шамионскиот Одбојкарски Клуб Струмица, Томе Христов, фудбалски тренер, Атанас Цикарски, кошаркарски тренер и професор по спорт, Митко Алачки, професор по спорт и Верица Целески, претставник на пинг-понг клуб Астраион.

Во дискусијата се вклучија и Марјан Даскаловски, претседател на Советот на општина Струмица и претседател на ОО на СДСМ Струмица, Владимир Ристов од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисија за спорт при Советот на општина Струмица и Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ за Наша Македонија.

Панелистите истакнаа повеќе клучни предизвици за спортот во Струмица. Трајче Атанасов посочи дека Струмица не располага со доволно сали за спортови како одбојка и кошарка, дека салите во училиштата не се соодветни за одбојка, како и дека парите кои се добиваат од државата и општината за шампионскиот Одбојкарски клуб „Струмица“ се недоволни за финансирање на клуб кој игра и на меѓународна сцена. Истиот побара да се изнајдат фер и транспарентни начини за финансирање на клубовите како и да се промени начинот на менаџирање со спортските сали.

Томе Христов посочи дека фудбалските клубови работат на терени кои не се одржуваат соодветно, нема доволно простор на терените за тренинг со младите категории, недостасуваат соблекувални и други инфраструктурни услови. Во однос на финасиите Христов истакна дека е потребно и клубовите да размислуваат на самоодржливост и на помала зависност од финансиски средства од државата.

Верица Целески, објасни дека пинг-понгот како индивидуален спорт се соочува со предивици за финансирање како и недоволен простор за тренинг. Таа посочи дека за развој на индивидулани спортови во Струмица е потребно да се изгради мултифункционална спортска сала. Дополнително, истакна дека е предизвик за жените во спортот и тоа што нема соодветни соблекувални и простории за туширање за женските тимови.

Атанас Цикарски даде фокус на проблемите со училишните сали, но и објасни дека за да е можна едносменска работа на училиштата во Струмица, потребни се промени во програмата за образование со која ќе се овозможи дел од наставата и активности со спорт да се реализираат попладне. Дополнително, истакна дека парите кои ги добиваат клубовите од општината не се доволни ниту за изнајмување на термини во спортските сали.

Митко Алачки посочи дека училишниот спорт се соочува и со елементарни проблеми поради немање греење и ладење во училишните сали во Струмица.

На дискусијата се надоврзаа Костаке Колевски од ФК „Спартмани“ Балдовци, Марјан Даскаловски, Миле Цеков, Владимир Ристов, Харалампие Трајков, родител на двајца репрезентативци и поранешен фудбалер, Симон Џинес, одбојкарски судија, Кирил Манчев, доктор по медицина и Ленче Христова, претставник на Организација на жени од Струмица.

Костаке побара поддршка од политичарите за стадионот во Балдовци да биде повторно ставен во функција на спортот и да биде даден на користење на Академија „Пандев-Брера“. Тој покажа фотографии на кои се гледаше дека стадионот во Балдовци од уреден стадион со соблекувални станал пасиште за стока. На неговата дискусија реагираше Марјан Даскаловски кој вети дека ќе се заложи во најскоро време овој стадион да биде даден на користење согласно веќе доставеното барање од Академија „Пандев-Брера“ и согласност на граѓаните од Балдовци.

Миле Цеков истакна дека и тој самиот повеќе од 15 години тренирал фудбал и дека му е сосема јасно какви се условите за спорт во Струмица. Тој вети дека ќе се заложи за законски измени со кои ќе се издвојат повеќе финансиски средства за спорт, како и дека ќе се залага да се овозможат услови за едносменска работа на училиштата.

Владимир Ристов објасни дека е информиран за проблемите во секое училиште во Струмица и за причините поради кои дел од истите немаат греење во салите. Тој наведе дека е важно да се планираат средства за одржување на постоечките рекреативни игралишта, како и да се постави осветлување на дел од терените за фудбал со што ќе се овозможи тренинг и во попладневните и ноќни часови.

Симон Џинес ги дополни претходните дискутанти посочувајќи дека освен постоење сали важно е истите да се опремени со различна опрема потреба за модерен тренинг, како и да има теретани во склоп на спортските објекти. Тој и Харалампие Трајков имаа став дека клучно е менаџирањето на салите, а не само изградба на дополнителни сали.

Ленче Христова објасни дека женскиот спорт во Струмица се соочува со предизвици поради многу мали финансиски средства издвоени за истиот, кои се повеќекратно помали од оние за машките спортски екипи. Дополнтело таа истакна дека недостасуваат и соблекувални за жени и посебни простории за туширање за истите.

Повеќето учесници се согласија дека е потребно стопанисувањето со спортските објекти да биде водено од општината, а не истото да е во раце на приватни лица.

ФОТОГАЛЕРИЈА>>>

ShareTweetShare
Previous Post

Во прекин е сообраќајот на патниот правец Струмица – Валандово

Next Post

На две градилишта во Струмица откриени 13 турски државјани кои вршеле градежни работи без соодветна работна дозвола

Related Posts

Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Приведени двајца млади момчиња, кај нив во автомобилот е пронајдена марихуана

вторник, 28 октомври, 2025 | 11:26
Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица

понеделник, 27 октомври, 2025 | 14:26
Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница
Вести

Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница

понеделник, 27 октомври, 2025 | 11:47
Петар Јанков го доби уверението од ОИК – од денеска и официјално е градоначалник на Струмица
Вести

Петар Јанков го доби уверението од ОИК – од денеска и официјално е градоначалник на Струмица

понеделник, 27 октомври, 2025 | 10:27
Во Струмица се одржа Едукативна работилница за предностите на доењето
Вести

Во Струмица се одржа Едукативна работилница за предностите на доењето

недела, 26 октомври, 2025 | 17:18
Младите струмичани од претставата „Стјуардеси“ настапија на меѓународен театарски фестивал во Србија
Вести

Младите струмичани од претставата „Стјуардеси“ настапија на меѓународен театарски фестивал во Србија

четврток, 23 октомври, 2025 | 20:44

ТОП ВЕСТИ

Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица
Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница
Петар Јанков го доби уверението од ОИК – од денеска и официјално е градоначалник на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist