Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион информираат дека на 11 јули (четврток) во периодот од 20:00 до 00:00 часот ќе се врши теристична дезинсекција против возрасни во општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.