Во четврток, 7-ми ноември од 19:30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица познатиот ликовен уметник, струмичанецот Александар Филев ќе ја постави својата самостојна изложба со 90 нови дела, импресивна колекција со голем формат создадени во последните пет години.
Александар Филев, познат по својот уникатен стил и динамика во уметничкото изразување, низ годините изгради репутација на врвен уметник, кој со своите дела предизвикува емоции и инспирира размислување. Изложбата ќе понуди ретка можност за сите љубители на уметноста да се запознаат одблизу со најновите визии на Филев и да уживаат во богатството на колоритот, формите и темите кои тој ги обработува.
Четврток, 7 ноември | 19:30 часот | Центар за култура – Струмица