Вокално-инструменталниот состав „РАСПЕАНИ СТРУМИЧАНИ“ се подготвуваат за традиционалниот Годишен концерт, кој ќе се одржи на 12 декември (четврток) од 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.
Десет македонски староградски песни обработија за годишниот концерт, кои солистите и интрументалистите од овој состав ќе ги изведат во живо на големата сцена во Центарот за култура, а освен тие свој настап на концертот ќе имаат и новоформираните, Октетот „Струмица“ и играорците од КУД „Боро Џони“, кои се дел од националната установа Центар за култура „Антон Панов“, како и солистот Гиго Вета.
Од „Распеаните Струмичани“ поканата до своите сограѓани да дојдат, да ги слушаат и уживаат во традиционаланата македонска песна, а влезот е слободен за секој што ќе посака да ги гледа во четврток од 19:00 часот.