На 22 мај, четврток во Домот на културата во Ново Село со почеток во 19:00 часот е закажана Промоција на книгата „Раскази од Пирго“ – Монографски приказ на општина Ново Селo.
Ова е првa мoнографија за Ново Село во светлината на најновите стопански тенденции, нејзината долга историја, современите можности за туризам, интензивен развој на инфраструктура, многу традиција и многу стара култура.
Уредник на изданието е Петар Трајков, рецензијата на Васил Георгиев – Ликин, фотографиите за изданието се на Филип Костов и Благоја Костов.