Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица на 7 и 8 мај ќе прикажува два одлични филмови: „Дражен“ – посветен на големата кошаркарска ѕвезда од бившите ЈУ простори Дражен Петровиќ и „Емилија Перез“ – филм со 4 Златни глобуси и 13 номинации за Оскар.
Хрватскиот биографски филм „Дражен“ посветен на големата кошаркарска ѕвезда Дражен Петровиќ, се појави минатата 2024 година, кога имаше премиера во киното „Кинестар“ во Шибеник. Ја доби наградата за најдобар филм на годината, а Зрнка Цвитешиќ беше прогласена за глумица на годината за улогата на Бисерка Петровиќ.
Филмот „Дражен“ во Центарот за култура во Струмица ќе се прикажува на 7 мај (среда) од 20:00 часот, а билетот чини 200 денари.
Следниот ден на 8 мај (четврток) ќе се прикажува филмот „Емилија Перез“ – француска крими-комедија од 2024 година. Премиерно беше прикажан на Канскиот кинофестивал, каде што ја освои наградата на жирито. Освоил 4 „Златни глобуси“ и добил 13 номинации за „Оскар“. Приказна за Рита, адвокатка во голема фирма чиј интерес е да ги брани најголемите злосторници, наместо да ги изведе пред лицето на правдата. Почетокот на филмот е во 20:00 часот, а цената на билетот е 200 денари.
Доколку сакате да ги гледате и двата филмови можете да купите блок билет за двете вечери по цена од 300 денари.