понеделник, 17 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Во хотелот „Цар Самуил“ во Банско одбележана 1010-годишнината од Беласичката битка

сабота, 30 ноември, 2024 | 14:47
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Во хотелот „Цар Самуил“ во Банско одбележана 1010-годишнината од Беласичката битка

Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица со Книжевен настан го одбележа големиот јубилеј 1010 години од Беласичката битка насловен „Цар Самуил и Беласичката битка меѓу легендата, историјата и книжевноста“.

„Ова е само навидум еден историски факт којшто веројатно не мора ништо да значи, меѓутоа погледнат низ призмата на поезијата добива навистина преубаво значење, заради тоа што во културната меморија на народите во светот остануваат врежени историски личности коишто се издигнале на ниво на симболи и локалната заедница, па и пошироката заедница се поистоветува со нив. Тоа е Цар Самуил за Струмица општо, тоа е Беласица за сите нас. И по 1010 години од битката на Беласица сé уште како да се чуствува мирисот на крвта која капела од очите на ослепените Самоилови војници“ – кажа професорката Ана Витанова Рингачева која преку разговори и поезија го водеше овој книжевен настан.

Познатиот фолклорист Иван Котев, човекот којшто е извор на многу знаења и кажувања кои ги пренесува од минатото на нашите предци до денес, говореше за легендите што ги запишал тој многу одамна, а се поврзани со Цар Самуил и Беласичката битка.

„Историјата не е песна, ама песните до негде се историја. Во секоја легенда, во секоја песна има зрнце вистина“ – кажа Котев во своето обраќање говорејќи како некои струмичките села ги добиле имињата уште во времето по Беласичката битка, за Колешино, за Водоча, за Василево, за Костурино.

„Цар Самуил и Беласичката битка се појавуваат и во уметничката литература во првите децении на 20 век кога Војдан Чернодрински ќе ја напише историската драма „Слава Драгота“. Силно инспириран од историските настани поврзани со Самуиловиот пораз и ослепувањето на неговите војници, Чернодрински низ призмата на трагиката го гради сижето за тажната судбина на младиот војсководец Слав Драгота“ – истакна професорката Билјана Костадинова.

Младиот историчар Кирил Ѓоргиев говорејќи за Цар Самуил и Беласичката битка, поврзувајќи ја темата на настанот вели дека книжевноста за Цар Самуил потекнува уште во времето кога тој владеел со Македонија, како што спомна, имаме средновековна песна напишана од еден автор по име Јован Геометар, а насловена „На комитопулот“.

За Струмица Ѓоргиев вели дека е центарот во самата Беласичка битка, или како што тој ја нарече Беласичката епопеја, бидејќи станува збор за три битки кои се случуваат во тоа време. Беласичката битка, која се случувала во регионот кај Клуч, Солунската битка со која управува Цар Самиул од самата Струмица, испраќајки го својот војсководец Несторица, и битката за Струмица.

На самиот настан, поезија за Цар Самиул и Беласичката битка читаа Сузана Мицева, Катерина Кожаров Панов, Вања Изова Велева и Ице  Беличев.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Амбасадор на Словачка во Europe House во Струмица – настан посветен на 20 години од најголемото проширување на ЕУ

Next Post

UltiMATH финалето започна: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Related Posts

Вести

Водата во Костурино, Рич, Белотино, Попчево и Раборци е во исправна состојба и може да се користи за пиење

понеделник, 17 ноември, 2025 | 12:05
За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди
Вести

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

понеделник, 17 ноември, 2025 | 10:55
„Комуналец“ го исчисти просторот околу игралиштата кај стадионот – апел до младите за поголема еко-свесност
Вести

„Комуналец“ го исчисти просторот околу игралиштата кај стадионот – апел до младите за поголема еко-свесност

недела, 16 ноември, 2025 | 17:30
„Комуналец“ започна есенска акција за кроење и обновување на дрворедите во Струмица
Вести

„Комуналец“ започна есенска акција за кроење и обновување на дрворедите во Струмица

недела, 16 ноември, 2025 | 17:01
Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија
Вести

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија

петок, 14 ноември, 2025 | 19:09
Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Вести

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор

петок, 14 ноември, 2025 | 11:57

ТОП ВЕСТИ

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist