Вчера во Општинското основно училиште „Маршал Тито” во Струмица се одржа вториот завршен настан од проектот „Музиката од светот” на Здружението за музика, уметност и култура „Хармонија Акорд” од Струмица. Проектот финансиски беше поддржан од Општина Струмица.
„Со овој проект се потрудивме да ги промениме пристапите кон публиката, практиките за културно образование, систематските образовни структури и најважно од се е можеби тоа што овој проект ќе донесе и позитивна промена за секое поединечно лице вклучено во проектот. Целна група беа деца од 9 до 14 години од социјалните и етничките рурални средини. Подеднакво учествуваа и момчиња и девојчиња. Главна цел на проектот беше да им ја приближиме на децата музиката и традициите од повеќе земји кои можеби досега никогаш ја немаат слушнато“, велат од Здружението „Хармонија Акорд”.