Вчера во периодот од 16:00 до 22:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 68 прекршувања на брзината, од кои 24 на подрачје на Струмица, 18 на подрачје на Валандово, 11 на подрачје на Радовиш и 5 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани, информираат од СВР Струмица.