Од ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица информираат дека во моментот се работи на реконструкција на Одделот за Рентгендијагностика како и подготовка на просторот со градежни активности, каде треба да биде сместена нова опрема. Завршена е инсталацијата и подготовките за работа на нов дигитален Мамограф и нов модерен Ултразвук за ехо на дојка.
„Конечно обезбедивме нов дигитален Мамограф и модерен Ултразвук за ехо на дојка, затоа што знаеме колку е тоа важно во превенирање, рано откривање и дијагностицирање на карцином на дојка кое е едно од трите најчести малигни заболувања кај жените во Македонија. Од наредната недела започнуваме да работиме со закажување преку „Мој термин“ во Кабинетот за ЕХО на ДОЈКА и МАМОГРАФИЈА. Продолжуваме да работиме посветено се во интерес на нашите пациенти“ – стои во соопштението од ЈЗУ „Општа Болница“ Струмица, најавувајќи дека во наредните денови се очекува да заврши и реконструкцијата на просторот и инсталацијата на новиот дигитален РТГ апарат.