Во Локалната установа Библиотека „Благој Јанков Мучето“ во Струмица беше промовирана книгата со песни за деца „Биди дете“ од струмичанката Славица Андреева.
Ова е прва книга на Андреева која ја носи наградата „Душата на чаршијата“ на издавачот „Дата ПЕСНОПОЈ“ од Битола и е дел од едицијата „Книжевни меридијани“.
Книгата „Биди дете“ ја промовираа Тања Гошева и Васка Кирова од ЛУБ „Благој Јанков Мучето“.