Вчера во 18:50 часот на крстосницата од ул. „Братство Единство“ и ул. „Браќа Миладинови“ во Струмица, патничко возило „Пежо 407“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишната М.С. од село Радово, струмичко, удрило во пешакот М.Ф.(39) од Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Ф., констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Струмица.