СВР Струмица информира дека вчера попладне околу 15:30 часот на улицата „Младинска“ во Струмица Р.Ц. и М.С., двајцата од Република Турција, по претходна расправија, биле физички нападнати од Ц.Н., Н.А., А.И., С.О., О.Д., Л.А., Ф.И., Н.А. и Ј.А., сите од Република Турција. Според информациите од струмичката полиција, лицето С.О. со стаклен предмет го удрил М.С., додека Ф.И. со метален предмет го нападнал Р.Ц. Од СВР Струмица велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.