Општинската организација на СДСМ Струмица предводена од претседателот Борче Цветков, им се заблагодарува на граѓаните, членовите и симпатизерите од Струмица кои со својот потпис ја поддржаа кандидатурата на претседателот Стево Пендаровски за втор мандат.
„Во најкус можен рок во Подрачната канцеларија на ДИК во Струмица беа собрани 1234 потписи и тоа во истото време кога СДСМ организираше и конгрес и осмомартовски марш. Струмица и струмичани уште еднаш потврдија дека секогаш знаат да ја изберат вистинската страна, да поддржат сериозни и стабилни политичари. Стево Пендаровски заслужува уште еден претседателски мандат, затоа што тој има јасна и цврста европска визија за државата и европски живот за сите граѓани. Убедени сме дека на претстојните претседателски избори, граѓаните на Струмица ќе го изберат европскиот пат и ќе гласаат за претседателот Стево Пендаровски“, соопштуваат од ОО на СДСМ Струмица.