четврток, 23 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Во Струмица се одржува вториот Национален рурален парламент за развој на руралните средини

вторник, 18 јуни, 2024 | 18:08
in Вести, Струмица
Во Струмица се одржува вториот Национален рурален парламент за развој на руралните средини

Денеска и утре во Струмица во хотелот „Сириус“ се одржува вториот Национален рурален парламент. Овој настан спои повеќе од 80-тина претставници граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор кои заедно креираа препораки за подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини во земјата во доменот на иновации во земјоделското производство, можности за младите од руралните средини и ЛИДЕР (LEADER) пристапот. Препораките ќе служат како основа за градење политики на локално и регионално ниво насочени кон долгорочно позитивно влијание на овие заедници.

Целта на овој настан е да се унапреди националната платформа на рурални граѓански организации, локални акциски групи и земјоделски здруженија, која ќе продолжи уште позасилено да комуницира со локалната и националната власт во заедничкото дефинирање на политиките и прашањата поврзани со руралниот развој. Истовремено, Вториот национален рурален парламент беше основа за размена на искуства меѓу организациите од руралните средини во земјата, меѓународните организации и експерти кои работат во истата област.

Вториот Национален рурален парламент ќе заврши со теренски посети, каде учесниците ќе може да сведочат на позитивни примери за рурално претприемништво, рурален туризам, природни потенцијали и ресурси преку посети на предучилишниот едукативен центар „Огражденски пеперутки“ во селото Радово, општина Босилово, Агро Кодем, компанија за производство на зеленчук во село Петралинци, општина Струмица како и креативниот центар на заедницата (работен хаб) „Нексус“ во Радовиш.

Се очекува овој настан да прерасне во традиционална активност која ќе ги позиционира руралните средини како носители на развојот на технологијата, иновациите, етичките бизнис практики и развојот на човечки ресурси.

Преку вакви активности, УСАИД придонесува кон вклучување и дискусија помеѓу руралното население и креаторите на политики со цел подобрување на руралните политики и адресирање предизвици поврзани со руралниот развој. Вториот национален рурален парламент е организиран во рамки на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија.

ShareTweetShare
Previous Post

Пожар во куќа во Банско – нема повредени лица

Next Post

Влада: Препораки до граѓаните и работодавачите по најавите за нов топлотен бран од утре

Related Posts

Македонија денеска празнува – 132 години од основањето на Македонска Револуционерна Организација во Солун
Вести

Македонија денеска празнува – 132 години од основањето на Македонска Револуционерна Организација во Солун

четврток, 23 октомври, 2025 | 08:03
Денеска се празнува Преподобен Теофил Струмички
Вести

Денеска се празнува Преподобен Теофил Струмички

четврток, 23 октомври, 2025 | 07:22
Даскаловски: Им честитам на ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа и лично му честитам на Петар Јанков за освоениот мандат
Вести

Даскаловски: Им честитам на ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа и лично му честитам на Петар Јанков за освоениот мандат

понеделник, 20 октомври, 2025 | 10:58
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ освои и мнозинство во новиот состав на Советот на општина Струмица со 13 мандати, наспроти 8 за СДСМ, а по еден ЗНАМ и Левица

понеделник, 20 октомври, 2025 | 08:41
Петар Јанков објави победа уште во првиот круг – тој ќе е новиот градоначалник на Струмица
Вести

Петар Јанков објави победа уште во првиот круг – тој ќе е новиот градоначалник на Струмица

недела, 19 октомври, 2025 | 23:40
ДИК: Според првичните обработени 50,60% во општина Струмица води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков
Вести

ДИК: Според првичните обработени 50,60% во општина Струмица води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков

недела, 19 октомври, 2025 | 23:02

ТОП ВЕСТИ

Петар Јанков објави победа уште во првиот круг – тој ќе е новиот градоначалник на Струмица
ДИК: Според првичните обработени 50,60% во општина Струмица води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков
Во Македонија денеска се одржуваат Локални избори – во четирите струмички општини право на глас имаат 84.548 граѓани

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Даскаловски: Им честитам на ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа и лично му честитам на Петар Јанков за освоениот мандат

Петар Јанков објави победа уште во првиот круг – тој ќе е новиот градоначалник на Струмица

ДИК: Според првичните обработени 50,60% во општина Струмица води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков

ЗНМ апелира до ДИК и МВР итно да ги известат сите избирачки одбори и службени лица дека не е потребна акредитација од ДИК за новинарите

Кандидатот за градоначалник да биде избран во првиот круг, тој мора да добие мнозинство гласови од избирачите кои гласале

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist