Во организација на Здружението на информатичари на Македонија и Здружението „Бистри умови“, од 25 до 29 ноември Струмица и Македонија беа домаќини на 16 Јуниорска Балканска олимпијада по информатика.
На олимпијадата учествуваа 64 натпреварувачи од 12 земји, меѓу кои како гости учествуваа и натпреварувачи од Саудиска Арабија, Киргистан, Украина и Хрватска. Младите македонски информатичари постигнаа голем успех на олимпијадата, освојувајќи еден сребрен и четири бронзени медали.
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, со финансиска поддршка беше главен спонзор на олимпијадата, за што доби признание во знак на благодарност од името на организаторите.
Од страна на претседавачот на олимпијадата проф. д-р Миле Јованов благодарницата и беше врачена на Ева Заева од Фондацијата, која на чинот на свеченото затворање имаше и свое обраќање пред присутните.
„Задоволство ми е што можам да ви ги пренесам поздравите од директорот на нашата фондација, господинот Зоран Заев, кој е голем поддржувач на младите и на немал број иницијативи, активности, манифестации и натпревари поврзани со младите и нивниот развој. Подадената рака за нив останува наш завет пред општеството и пред сите оние кои веруваат во напредокот на Република Северна Македонија, затоа што тој напредок го гледаме токму преку напредокот на младите луѓе“, кажа Заева повикувајќи ги сите општествено одговорни компании да го следат примерот на фондација и да дадат несебичен придонес во поддржувањето на младешкиот стремеж кон високи дострели.
Следната олимпијада ќе се одржи во Кипар.