понеделник, 27 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Во Струмица се одржаа традиционалните Ноќни крос трки со над 50-годишна традиција

петок, 11 октомври, 2024 | 09:19
in Вести, Струмица
Во Струмица се одржаа традиционалните Ноќни крос трки со над 50-годишна традиција

Во пресрет на празникот 11-ти Октомври, во организација на Меѓуопштинскиот Сојуз на училишен спорт – Струмица, а под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Струмица се одржаа традоционалните „Ноќни крос трки 2024“.

Околу 500 ученици од основните и средните училишта од струмичкиот регион, во машка и женска конкуренција се натпреваруваа синоќа кој е најбрз, а трчаа на различни должини и патеки согласно возраста. На најдобрите три пласирани натпреварувачи – тркачи во секоја категорија им беа доделени медали и дипломи.

Кај средношколците, во категоријата I година – машки, првото место го освои Стојанче Николов од ДСУ „Никола Карев“, втор Јован Витанов ученик во СОУ „Димитар Влахов“, а трет Христијан Масев од СОУ „Јане Сандански“, додека кај девојките од I година првото место го освои Розита Пецева од ДСУ „Никола Карев“, зад неа беше Леонтина Пржолева од СОУ „Димитар Валхов“, а трета Босилче Василева од СОУ „Јане Сандански“.

Од II година кај машките најбрз беше Звонко Христоманов од СОУ „Димитар Влахов“, втор Филип Грендов од СОУ „Јане Сандански“, а на третото место Даријан Златевски исто така од СОУ „Јане Сандански“. Кај девојките најбрза беше Теона Галабовска од СОУ „Јане Сандански, а зад неа беше Викторија Петкова од ДСУ „Никола Карев“, а трета беше Јована Ристова од СОУ „Димитар Влахов“.

Во категоријата III и IV година средно образование – машки, првото место го освои Ѓорги Танчев од ДСУ „Никола Карев“, зад него беше Ристе Грендов од СОУ „Јане Сандански“, а третото место го освои Јован Дрвошанов од ДСУ „Никола Карев“.

Кај девојките, III и IV година, најдобра во крос трчање беше Тамара Костова од СОУ „Димитар Влахов“, втора Зорица Бојкова од ДСУ „Никола Карев“, трета Тамара Јаневски исто така од ДСУ „Никола Карев“.

Кај учениците од основните училишта – категорија VI одделение машки, првото место го освои Мерт Јакулов, втор Васил Николов, додека трет Диралјаш Исинов сите од ООУ „Герас Цунев“ од Просениково. Кај девојките прва Марија Глигорова од ООУ „Сандо Масев“ Струмица, втора Терезија Башковиќ од истото училиште, а третото место го освои Ева Поцкова од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица.

Кај седмоодделенците машки, првото место го освои Васко Костадиновод ООУ „Гоце Делчев“ Василево, второто за Давид Ѓоргиев од ООУ „Никола Вапцаров“, а трето место за Вае Насков од училиштето во Сарај. Кај девојките прва беше Ленче Тодорова, втора Јана Серафинова, додека третото место го освои Мија Дивјаковска сите од ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица.

Во категоријата VIII одделение – машки, Зоран Гаштарски од ООУ „Сандо Масев“ го освои првото место, второто за Хадис Јакупов од ООУ „Герас Цунев“ Просениково и третото место за Јаман Аршим од ООУ „Гоце Делчев“ Василево. Прва кај девојките од VIII одделение беше Наталија Стојанова од ООУ „Гоце Делчев“ Василево, втора Ива Митева од ООУ „Никола Вапцаров“, додека трета Кара Гоџирова од истото училиште.

Кај машките од IX одделение првото место го освои Глигорие Иванов од ООУ „Видое Подгорец“ Струмица, втор беше Кристијан Николов од ООУ „Никола Вапцаров“, а трето место го освои Драган Пандев од ООУ „Маршал Тито“ Муртино. Кај девојките од IX одделение најбрза беше Марија Николовска од ООУ „Никола Вапцаров“, зад неа беше Танкица Коцева од истото училиште, а трета Ивана Атанасова од ООУ „Маршал Тито“ Муртино.

Утре, сабота, 12 октомври со почеток во 11:00 часот ќе се одржат и „Есенски Крос трки“ за најмалите ученици, од прво до петто одделение во големиот градски парк, односно во правец на Спортската сала „Парк“ и Градскиот стадион „Благој Истатов“ кон Детската градинка и споменикот на Борис Трајковски, каде ќе биде поставена целта.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Денеска е 11-ти Октомври, Ден на македонското антифашистичко востание и Ден на борецот

Next Post

Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш повреден тракторист

Related Posts

Во Струмица се одржа Едукативна работилница за предностите на доењето
Вести

Во Струмица се одржа Едукативна работилница за предностите на доењето

недела, 26 октомври, 2025 | 17:18
Младите струмичани од претставата „Стјуардеси“ настапија на меѓународен театарски фестивал во Србија
Вести

Младите струмичани од претставата „Стјуардеси“ настапија на меѓународен театарски фестивал во Србија

четврток, 23 октомври, 2025 | 20:44
Во Струмица одбележан празникот 23 Октомври – новоизбраниот градоначалник Петар Јанков го имаше својот прв говор
Вести

Во Струмица одбележан празникот 23 Октомври – новоизбраниот градоначалник Петар Јанков го имаше својот прв говор

четврток, 23 октомври, 2025 | 13:57
Македонија денеска празнува – 132 години од основањето на Македонска Револуционерна Организација во Солун
Вести

Македонија денеска празнува – 132 години од основањето на Македонска Револуционерна Организација во Солун

четврток, 23 октомври, 2025 | 08:03
Денеска се празнува Преподобен Теофил Струмички
Вести

Денеска се празнува Преподобен Теофил Струмички

четврток, 23 октомври, 2025 | 07:22
ИПАРД средствата императив и за пчеларите – за Ѓорѓи Делев од Штука кој произведува над 3 тони мед потребна е само поддршка
Вести

ИПАРД средствата императив и за пчеларите – за Ѓорѓи Делев од Штука кој произведува над 3 тони мед потребна е само поддршка

среда, 22 октомври, 2025 | 12:52

ТОП ВЕСТИ

Младите струмичани од претставата „Стјуардеси“ настапија на меѓународен театарски фестивал во Србија
Во Струмица одбележан празникот 23 Октомври – новоизбраниот градоначалник Петар Јанков го имаше својот прв говор
Петар Јанков објави победа уште во првиот круг – тој ќе е новиот градоначалник на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist