четврток, 5 март 2026
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Босилово

Во Струмица промовиран прекуграничниот проект „Зелено за добро“ вреден над 1,3 милиони евра

среда, 4 март, 2026 | 17:40
in Босилово, Вести, Ново Село, Струмица
Во Струмица промовиран прекуграничниот проект „Зелено за добро“ вреден над 1,3 милиони евра

Преку „Зелено за добро“ до почист воздух и зелена инфраструктура во регионот

Во хотелот „Сириус“ во Струмица денеска се одржа прес-конференција на која беше најавено отпочнувањето на проектот „Зелено за добро“, чија цел е намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот преку примена на чиста енергија и одржливи решенија.

Настанот го организираше Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а проектот се реализира со поддршка на Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички, во рамки на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција – Северна Македонија 2021-2027“.

На настанот се обрати и министерот за локална самоуправа, Златко Перински, кој истакна дека ваквите иницијативи се особено значајни во контекст на актуелните еколошки предизвици.

„Особено ми е драго што повторно за релативно краток период зборуваме за проект кој директно придонесува за заштита на животната средина — тема што е од исклучителна важност, особено во зимските месеци кога предизвиците со квалитетот на воздухот се најизразени“, истакна министерот Перински.

Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, нагласи дека локалната самоуправа континуирано ги поддржува проектите кои придонесуваат за подобрување на животната средина и развој на одржливи урбани решенија.

„Струмица отсекогаш поддржува вакви проекти, за одржување на животната средина, за намалување на загадувањето, одржување на зелени урбани средини, подобрена мобилност на граѓаните кои користат превоз кој не емитува штетни гасови. Со тоа што е прекуграничен проект, се потврдува дека екологијата не познава граници и сите заедно треба да наоѓаме идни можни решенија. Посакувам успешна реализација на проектот од кој бенефит ќе имаат граѓаните во целиот регион“, изјави градоначалникот Јанков.

Проектот ќе се реализира до август 2027 година и има вкупен буџет од 1.345.057 евра, од кои 420.442,84 евра се наменети за Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Во имплементацијата учествуваат повеќе партнери од Северна Македонија и Грција, меѓу кои Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Меѓународна соработка Југ-Југ – подружница Скопје, Центарот за истражување и технологија од Грција и Општина Терми.

Во рамки на проектот се предвидени повеќе активности насочени кон зелена инфраструктура и енергетска ефикасност. Меѓу нив е поставување на осум станици за брзо полнење електрични возила во прекуграничниот регион, од кои шест ќе бидат во Југоисточниот регион на Северна Македонија – во Струмица, Радовиш, Ново Село, Валандово, Дојран и Гевгелија, а по една во Солун и Терми во Грција.

Дополнително, ќе бидат инсталирани четири фотоволтаични системи во општините Гевгелија, Радовиш, Босилово и Конче, ќе се реализираат пилот-урбани градини во Радовиш и Терми, како и Центар за зелено образование во Гевгелија и зелена лабораторија во Солун.

Проектот предвидува и организација на најмалку шест прекугранични настани посветени на обновливата енергија, како и формирање комитет за прекугранично управување со цел обезбедување долгорочна соработка и одржливост на активностите.

Од проектот се очекува придобивки да имаат граѓаните, локалните власти, образовните институции, граѓанските организации и бизнис секторот, преку развој на зелена инфраструктура, подигање на свеста за одржлив развој и создавање нови можности поврзани со обновливи извори на енергија и е-мобилност.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

„Струмички шерифи“ на Ацо Ѓоргиев претставена во струмичката библиотека – вовед во промоцијата на 28 март

Next Post

МЦП го потврди второто издание на СФЕСТ — фестивалот кој минатата година собра повеќе од 3.000 посетители во Градски парк Струмица.

Related Posts

МЦП го потврди второто издание на СФЕСТ — фестивалот кој минатата година собра повеќе од 3.000 посетители во Градски парк Струмица.
Вести

МЦП го потврди второто издание на СФЕСТ — фестивалот кој минатата година собра повеќе од 3.000 посетители во Градски парк Струмица.

четврток, 5 март, 2026 | 14:01
„Струмички шерифи“ на Ацо Ѓоргиев претставена во струмичката библиотека – вовед во промоцијата на 28 март
Вести

„Струмички шерифи“ на Ацо Ѓоргиев претставена во струмичката библиотека – вовед во промоцијата на 28 март

среда, 4 март, 2026 | 09:37
Струмица со 34 медали на државното кик-бокс првенство во Скопје
Вести

Струмица со 34 медали на државното кик-бокс првенство во Скопје

вторник, 3 март, 2026 | 15:10
ИТЕН АПЕЛ: Потребна е крв „0 негатив“ за малиот Никола од Струмица кој се лекува во Истанбул
Вести

ИТЕН АПЕЛ: Потребна е крв „0 негатив“ за малиот Никола од Струмица кој се лекува во Истанбул

вторник, 3 март, 2026 | 08:54
Македонија првпат на Зимските параолимписки игри – струмичанецот Зоран Јовановски ќе испише историја во Милано Кортина 2026
Вести

Македонија првпат на Зимските параолимписки игри – струмичанецот Зоран Јовановски ќе испише историја во Милано Кортина 2026

понеделник, 2 март, 2026 | 20:54
Струмичанецот Панче Димов избран за претседател на Македонската асоцијација за модерни танци
Вести

Струмичанецот Панче Димов избран за претседател на Македонската асоцијација за модерни танци

понеделник, 2 март, 2026 | 16:02

ТОП ВЕСТИ

Македонија првпат на Зимските параолимписки игри – струмичанецот Зоран Јовановски ќе испише историја во Милано Кортина 2026
Струмица станува позелена: 20.000 нови садници ќе никнат над градот
15.000 евра од општинскиот буџет за настапот на Кирил Џајковски на Струмичкиот карневал

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ-ЛУНА“ – Струмица вработува Рафинеријата за масло „ОСТРОГ-ЛУНА“ – Струмица вработува
СЕ ПРОДАВА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на актрактивна локација покрај регионалниот пат Струмица – Василево СЕ ПРОДАВА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на актрактивна локација покрај регионалниот пат Струмица – Василево
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

Од 1 март „онлајн“ плаќањата стануваат побезбедни

БЛОКАДА НА ГРАНИЦИТЕ: Превозниците од понеделник го стопираат товарниот сообраќај на девет премини

Одрон од карпа на автопатот Скопје – Велес кај тунелот „Бадар“, сообраќајот се одвива без застој

НАЈАВА

Во Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ промоција на книгата „Струмички шерифи“ од Ацо Ѓоргиев
Јавен повик за акција: Утре озеленување на појасите околу Струмица
Советот на општина Струмица во понеделник ќе одржи седница
ЈСП „Струмица Транспорт“ со најава за измени во сообраќајот поради блокада
Промоција на „Александар јава на запад“ од Венко Андоновски во Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist