Од утре на фудбалскиот терен „Рекреативо“ во Струмица почнуваат фудбалските натпревари од новата Бизнис лига во која ќе се натпреваруваат 16 екипи под името на познати струмички фирми и една валандовска.
Жикол, Лав Комерц, Мултихем, Концепт, Еко Инжинеринг, Оскар-М, Артисан Мебел, Мир Метал, Фико-Пласт, Стево 103, Банкари, Еснаф-Лаки, Коневи Мебел, Дрвош, ЛП Турново и Кафедра Валандово, се екипите кои ќе се натпреваруваат 15 кола во наредните три месеци, секој викенд, односно натпреварите се во сабота и недела.
„Ова е за прв пат да се организира ваква Бизнис лига составена од екипи од фирми, ќе има 15 кола и на крајот најдобрите, според освоените бодови ќе се борат за освојување на прво, второ и трето место. Секоја екипа ќе брои по 10 играчи, ќе игра секој со секој. Целта на овој проект е да се врати рекреативниот спорт, оние синдикални игри кога голем број струмичани ги полнеа спортските објекти следејќи ги натпреварите“, вели еден од организаторите на оваа Бизнис лига, Васко Георгиев.
Еве го распоредот на екипите кои меѓусебно ќе се натпреваруваат >>>