сабота, 6 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во Струмица поставена изложба на македонската уметница Андријана Мациев, промовирани и двата алманаха „Љубов за сите“

вторник, 17 септември, 2024 | 12:21
in Вести, Струмица
Во Струмица поставена изложба на македонската уметница Андријана Мациев, промовирани и двата алманаха „Љубов за сите“

Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица синоќа се одржа настанот „Љубов за сите“ во чест и спомен на големата македонска уметница Андријана Мациев, која прерано замина во Вечноста, но остави дела по кои ќе се памети засекогаш.

Поставени се 20 нејзини дела од 3 ликовни циклуси: „Живот во бои“, „Женски приказни“ и „Шарени вибрации – Разбуди се, погледни во сонцето и насмевни се“. Беа промовирани двата алманаха, со наслов „Љубов за сите“, пишувани од група автори, инспирирани и вдахновени од земниот и небесниот живот на Андријана Мациев, олицетворение на Ангел Небесен.

Овој настан се одржа на 44 нејзин роденден, кој ќе го славеше ако беше жива, а која замина од овој свет на 12 мај 2022 година по двегодишна борба со „најтешката“ болест – ракот.

Ликот и делата на Андријана Мациев се инспиративни и чудесно живи и денес, а за неа и нејзините дела говореа Ѓорги Калајџиев и најзината мајка Јулија Мациевска, која своето дество го помина во Струмица.

Андријана Мациев беше член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и во здружението „Широка стаза“ од Земун. Изложуваше самостојно од 2009 година реализирајќи 25 изложби во Скопје, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Демир Капија, Струмица, Куманово, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Белград, Софија и Сарасота. Учествувала на повеќе од сто групни изложби од 2006 година, манифестации, ликовни колонии и работилници во Македонија и Инстамбул, Варна, Шамелиер, Белград, Тузла, Созопол. Реализира и ликовни перформанси во склоп на културните денови во Македонија.

Мациев е добитничка на повеќе награди меѓу кои: прва награда од Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ (2008), Награда за посебен придонес во уметноста на графиката, Chamalieres, 8 Mondial de l Estampe et de la Gravure Orginale Triennale de Chamalieres  (2010), Признание „Уметник на годината“ од Меѓународна манифестација за литература, уметност и култура „Планетопија” (2019), Платинеста плакета за целокупното ликовно творештво на Интернационална литературна манифестација и манифестации за ликовна култура „Милица Паулус“ (2021).

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Два пожари вчера во струмичко – гореле ниска вегетација и депонија

Next Post

Се асфалтира дел од булеварот „Ленинова“ во Струмица

Related Posts

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков
Вести

Обраќање на кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков

четврток, 4 септември, 2025 | 14:41
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Вести

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

четврток, 4 септември, 2025 | 09:09
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица

среда, 3 септември, 2025 | 21:48
Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Вести

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

среда, 3 септември, 2025 | 16:32
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион
Босилово

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион

среда, 3 септември, 2025 | 15:52
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Вести

Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

среда, 3 септември, 2025 | 15:31

ТОП ВЕСТИ

Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу
Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist