среда, 3 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во Струмица отворен 19-от интернационален филмски фестивал „АСТЕРФЕСТ“

петок, 2 август, 2024 | 09:11
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Во Струмица отворен 19-от интернационален филмски фестивал „АСТЕРФЕСТ“

Струмица од синоќа до 5 август по 19-ти пат е домаќин на интернационалниот филмски фестивал „АСТЕРФЕСТ“ под мотото „Кинореалност ’24“. Во петте дена ќе бидат прикажани 24 филмови во конкуренција, од исто толку земји и уште четири филмови во ревијалната програма.

„Во предвечерието на големиот 2-ри август и празнувањата на двата македонски илиндена посакувам да го празнуваме филмот и да уживаме во магијата на филмското платно“ – кажа градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов отворајќи го годинашниот „Астерфест“.

Градоначалникот Костадинов по отворањето му ја врачи наградата „Астер“ на лауреатот за 2024 година македонскиот режисер и сценарист Антонио Митрикески, кој оваа награда ја доби за неговата исклучителна филмска поетика и естетски вдахновениот и минуциозен филмски опус.

„Оваа награда ми даде поттик да работам, но и да ги отвори портите на младите автори кои ги има во изобилие во Македонија, да им се даде шанса, затоа што не смееме да заборавиме дека филмот е еден од најголемите амбасадори на една земја“ – кажа Митрикески заблагодаривајќи се за наградата.

Основачот на „Астерфест“, Горан Тренчовски заблагодарувајќи се на сите поддржувачи на фестивалот кажа дека оваа 2024 година некако симболично кореспондира со мотото на фестивалот „Кинореалност ‘24“, кое не е само алузија на годината којашто моментно ја живееме, туку можеби е и алузија на 24-те филмови кои се во официјалната програма или на онаа платформа на филмскиот облик кој е составен од 24 сликички коишто мораа да треперат во една секунда, кажа Тренчовски.

„Астерфест“ за првпат оваа година има соработка и со Европската филмска академија, со БАФТА, како и со двократните добитници на Американската филмска академија, високите претставници од Скандинавската филмска дистрибуција, кои се специјални гости на фестивалот.

Во првата натпреварувачка вечер, покрај „Човекот кој не можеше да молчи“, на програмата беа прикажани уште 12 селектирани кратки филмови: „Гилгамеш“ на Шаќир Весели, „Астран“ на групата автори од „Исарт“, „Глувчевата куќичка“ на Тимон Ледер, „Луди и свесни“ (премиера) на Мануела Златкова, „Споменик“ на Сиџија Џенг и Џјашји Ву, „Малиот талкач“ на Каролина Томкова, „Полжавска приказна“ на Ели Воткинс и Хелен Грифитс, „Песок“ на Розе Торн и Матео Коста, „Сламеница кон иднината“ на Николас Нојхолд, „Оп, риба“ на Вибин Виџајан, „Шепкач“ на Младен Ѓукиќ и „Сржта“ на Оберт.

Годинашното жири кое ги ги оценува филмовите го сочинуваат, Зејгам Азизов, британски филозоф и уметник, Ганимет Сава, основачка и претседателка на Интернационалниот филмски фестивал „Уметност без граници“ во Приштина и уметникот Никола Пијанманов од Струмица.

Денеска во 11:00 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица ќе се одржи традиционалниот „Астер портрет“ (Тивериополска филмска беседа) за Митрикески, на кој ќе зборува критичарот Стојан Синадинов. Веднаш потоа фестивалските гости заминуваат на традиционалната посета во Манастирот во Велјуса.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Повреден струмички пожарникар при гаснење пожар во реонот на Зубово

Next Post

Општина Струмица ги одбележа двата Илиндена од 1903-та и 1944-та година

Related Posts

На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Струмичанец украл мопед од вулканизер, фатен е и приведен во полициска станица

вторник, 2 септември, 2025 | 10:50
Во општина Струмица 492 првачиња зачекорија во основното образование
Вести

Во општина Струмица 492 првачиња зачекорија во основното образование

понеделник, 1 септември, 2025 | 17:26
Младинските екипи на „Брера“ и „Беласица“ добија спортска опрема од ФФМ
Вести

Младинските екипи на „Брера“ и „Беласица“ добија спортска опрема од ФФМ

понеделник, 1 септември, 2025 | 16:14
КУД „Боро Џони“ и ВИА „Распеани струмичани“ бараат нови членови
Вести

КУД „Боро Џони“ и ВИА „Распеани струмичани“ бараат нови членови

понеделник, 1 септември, 2025 | 15:34
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
Вести

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември

понеделник, 1 септември, 2025 | 09:23
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Струмичанец со 3.47 промили алкохол во крвта управувал патничко возило и предизвикал сообраќајна незгода во центарот на Струмица

недела, 31 август, 2025 | 13:49

ТОП ВЕСТИ

Во општина Струмица 492 првачиња зачекорија во основното образование
Младинските екипи на „Брера“ и „Беласица“ добија спортска опрема од ФФМ
Струмичанец со 3.47 промили алкохол во крвта управувал патничко возило и предизвикал сообраќајна незгода во центарот на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist