недела, 14 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во Струмица одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

вторник, 9 мај, 2023 | 12:11
in Вести, Струмица
Во Струмица одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
Во Струмица одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
Во Струмица одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
Во Струмица одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
Во Струмица одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
Во Струмица одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
Во Струмица одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Во Струмица денеска беше одбележан 9 Мај – меѓународниот Ден на победата над фашизмот и Денот на Европа.

На пригодната свеченост која што се одржа пред Споменикот на паднатите борци во НОАВМ во малиот Градски парк, за значењето на празникот говореше градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

„Денеска чествуваме два настана и два датума со планетарно значење. Едниот се случил на 9 Мај 1945, а другиот на 9 Мај 1950 година. Меѓу едниот и другиот постои челичен и цврст мост на поврзување, мост кој треба да ни биде поука, како да се однесуваме кон иднината без премногу да му робуваме на минатото. По нашето полноправно членство во НАТО Алијансата, Северна Македонија никогаш не била толку блиску до остварувањето на долгугодишниот сон, како земја-кандидат за членство во Унијата од декември 2005 година. За добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, повторно сме исправени пред предизвикот од недоследно наметнување на непотребни бариери, овојпат од нашиот источен сосед – Бугарија. Но тоа не треба и не смее да не поколеба, да скршнеме од коловозот кој води до нашата посакувана цел. Напротив. По ниедно друго прашање во оваа наша земја, немало толку јасен и недвосмислен консензус, како што е прашањето за нашето евроинтегрирање. Треба да останеме мудри и на крилјата на мудроста да го оствариме нашиот стремеж, а притоа да ги задржиме белезите на нашата посебност. Убеден сум дека тоа ќе се случи, на наше заедничко задоволство“ – кажа градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот и членови на Советот на општина Струмица, во чест на загинатите борци положија свежо цвеќе пред споменикот, а цвеќе положија и претставници на Општинскиот одбор на Сојузот на борците, политички партии, здруженија на граѓани и јавни институции. Рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ рецитираа револуционерна поезија.

На денешен ден пред 78 години, со потпишувањето на безусловната капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествувале 61 земја со над две милијарди жители. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ на 9-ти мај 1945 година. Со тоа беа запрени крвопролевањата и страдањата од Втората Светска војна во која загинаа над 50 милиони луѓе од кои дури 20 милиони беа од тогашниот Советски сојуз, а повеќе од 30 милиони беа цивили. Во нацистичките логори беа убиени околу 12 милиони луѓе од кои половината беа Евреи. Материјалната штета од Втората Светска војна, само во Европа беше проценета на околу 200 милијарди американски долари.

Она што не смее да се заборави е дека и нашава земја беше дел од таа страотна војна. Македонија беше на страната на антифашистичката коалиција и во борбите против фашистичките окупатори даде околу 33.000 жртви, меѓу кои се и седумте илјади Евреи кои за време на војната беа депортирани во конценрациониот логор Треблинка.

ShareTweetShare
Previous Post

Струмичанката Велика Атанасова ја промовираше својата втора книга „Бранување“

Next Post

Обвинителката Лидија Вукичевиќ на 27 мај доаѓа во Струмица

Related Posts

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

сабота, 13 септември, 2025 | 11:21
ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати
Вести

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати

петок, 12 септември, 2025 | 20:16

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist