среда, 10 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Во Струмица одбележана 130-годишнината од основањето на Македонска Револуционерна Организација

понеделник, 23 октомври, 2023 | 13:23
in Вести, Струмица
Во Струмица одбележана 130-годишнината од основањето на Македонска Револуционерна Организација

Македонија денеска го чествува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и 130 години од основањето на Македонска Револуционерна Организација во Солун во 1893 година, како симбол на стремежите за сувереност и државност, но и храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност.

Денеска во Домот на АРМ во Струмица се одржа свеченост на која за историографијата на празникот говореше претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов.

„Во секое вистинско македонско срце живее идеја, мисла и завет дека додека има ВМРО ќе има слободна Македонија. Додека има ВМРО постои гаранција на вечната кауза Македонија обединета и независна“ – кажа во своето обраќање Дрвошанов.

Дрвошанов говореше и за името ВМРО, дека некој погрешно мисли дека секој може лесно да го присвојува светото име на ВМРО.

„Да се биде ВМРО значи да се има таква љубов за Македонија што да може да се поднесат прогони и понижувања, да се има политички гробови во секој век и насекаде, да се има политички затвореници дури и во денешно време. Но да се биде ВМРО значи да се осуди и казни секое национално предавство. Сите што се бориме за Македонија знаеме дека да се биде ВМРО е навистина макотрпно и бара сериозни укажувања. Истовремено бара и да се има силна верба, надеж, љубов и конечно, заедно со мудроста тоа се единствени вредности што може да им ги оставиме на потомците под ова наше македонско небо“ – кажа во својот говор Жан Дрвошанов.

На свеченоста што ја организираше Општина Струмица со свој рецитал се претставија членови на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица, а настап со традиционални македонски ора имаа играорците на Ансамблот „Фолклорна низа“.

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Македонија денеска празнува – 130 години од основањето на Македонска Револуционерна Организација во Солун
ShareTweetShare
Previous Post

Денеска се празнува Преподобен Теофил Струмички

Next Post

Затворски полициски службеник со осуденик од струмичкиот затвор со приватен автомобил се возеле кон валандовско

Related Posts

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Вести

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“

вторник, 9 септември, 2025 | 15:53
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Полицијата уапси 39-годишен маж, извршил обљуба врз 32-годишна жена од Струмица

вторник, 9 септември, 2025 | 14:11
Александра Јанева со нова верзија на безвременската „Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ
Вести

Александра Јанева со нова верзија на безвременската „Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ

вторник, 9 септември, 2025 | 12:13
Стартува 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Почна 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“

вторник, 9 септември, 2025 | 08:09
Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска
Вести

Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска

понеделник, 8 септември, 2025 | 18:31
Вести

Приведен струмичанец кај него пронајдена марихуана

понеделник, 8 септември, 2025 | 14:38

ТОП ВЕСТИ

Почна 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“
Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist