Во Струмица има 4 објекти кои работат како ноќни клубови – дискотеки од кои 2 со важечка лиценца за диско клуб, 1 со важечка лиценца за диско клуб на отворен простор, а 1 бил со истечена лиценца, кажа портпаролката на Владата, Марија Митева на вчерашната прес конференција.
Вчера и завчера инспектори на Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола на 50 угостителски објекти низ Македонија за да утврдат дали имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор. Како што соопшти Митева, при контролите биле презентирани 22 лиценци кои имаат рок на важност, додека 15 биле со истечена важност.
На официјалната веб страна, Министерството за економија го објави регистарот со издадените лиценци за работа како кабареа, ноќни клубови, диско клубови и диско клубови на отворен простор со важност од една година. Конкретно во регистарот е наведено која фирма го има поднесено барањето, датата на издавање на лиценцата, видот на лиценца како и името на клубот.