На површина од 625 м² во непосредна близина на Домот на АРМ во Струмица започна изградбата на Скејт парк.
„На рамна бетонска платформа која ќе биде заградена, ќе бидат поставени 7 спортски реквизити кои ќе овозможат адреналинска забава за љубителите на овој екстремен спорт“ – објави на Фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Фирмата „Планиметрика“ од Струмица го гради овој спортско-рекреативен простор за сума од 6.200.000 денари и според договорот треба да биде готов за шест месеци, односно младите струмичани веќе во летото ќе можат да се забавуваат со овој спорт.