Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во изминатите 24 часа (до 07:00 часот утрово), најмногу дожд наврна во Демир Капија дури 127 л/м², во Струмица 52 л/м², додека најмалку во Крива Паланка 15 л/м².
Најмногу снег наврнало во Маврови Анови – 61 сантиметар, 44 во Крушево и Попова Шапка, 15 сантиметри во Дебар, 14 во Претор, 7 во Берово и 4 сантиметри во Битола.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Облачно со повремени врнежи од дожд и снег, во западните и јужните делови пообилни (над 30 л/м²). На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени.