Вчера во СВР Струмица било пријавено дека во стан на ул. „Братство Единство“ во Струмица бил пронајден починат Д.Ј.(73) од Струмица. Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
 
 
                                 
 
 
		    
 
                                











 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	 
	


















 
								