Регионалниот центар за управување со кризи – Струмица по добиеното известување од АД за неметали „Огражден“ Струмица, ги известува граѓаните кои гравитираат околу рударскиот коп Хамзали дека во среда и четврток (31.01. и 01.02.2024 година), во времето од 09:00 до 17:00 часот ќе се врши минирање на рударскиот коп Хамзали.
Се молат граѓаните да се придржуваат кон сите безбедносни мерки кои ќе бидат спроведувани од страна на работниците на АД за неметали „Огражден“ Струмица.