Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион информираат дека во среда (3 јули) во периодот од 09:00 до 16:00 часот ќе се врши ларвицидна дезинсекција во општините Ново Село, Босилово, Василево, Струмица…
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.