Во среда, на 12 февруари со почеток во 20:00 часот, струмичкиот тетар во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе ја изведе комедијата „Петок 13-ти“, во режија на Никола Ристов.
Авторот на пиесата, Французинот Жан Пјер-Мартинез, се залага за популарниот театар (во вистинското значење на зборот), забавен, но не и безумен, дрзок – но никогаш вулгарен, повеќе етички настроен отколку праведен, и никогаш едукативен или покровителен. Со своите текстови тој се стреми да ја врати комедијата на нејзиното заслужено место; таа да биде огледало преку кое општеството ќе се соочи со своите пропусти.
Играат: Стојан Велков-Трн, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова и Ванчо Василев. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимите на Ванчо Василев.
Цена на билет: 250 денари.
Цената на билетот за ученици, студенти и пензионери е 100 денари.
Број за резервации и информации: 072/233-012.
Се моли публиката своите резервирани билети да ги подигнат најдоцна до 15:00 часот на денот на изведбата.