Во среда 28 мај од 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе биде прикажан шпански мистериозен трилер од 2016 година „Невидливиот гостин“, режиран од Ориол Пауло.
Во филмот играат Марио Касас, Барбара Лени, Хозе Коронадо и Ана Вагенер.
Билетите по цена од 200 денари можат да се набават на билетарницата во Центарот за култура во Струмица.