Синоќа околу 19:30 часот на магистралениот пат Струмица – Ново Село, на делницата помеѓу селата Босилово и Турново, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.С.(37) од село Иловица и патничко возило „Опел“, управувано од В.И.(21) од село Иловица, струмичко, информираат од СВР Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.С., а со телесни повреди се здобил возачот В.И, констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.