Вчера попладне на булеварот „Ленинова“ во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од В.П.(36) од село Пиперево, струмичко и патничко возило „Ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(48) од Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.