Од СВР Струмица информираат дека вчера попладнето околу 16:30 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, на место викано „Слобода“, патничко возило „Пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.В.(46) од село Сушево, струмичко, се превртувало на коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица и по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.




























